ПАРОХИЈА „РАЃАЊЕ НА СВЕТИ ИВАН КРСТИТЕЛ“ – СТРУМИЦА
Местоположба на парохијата
Парохијата Свети Иван Крстител се наоѓа во југоисточниот дел од градот Струмица, од десната страна на магистралниот пат Струмица – Валандово. Градот Струмица пак се простира во југоисточен дел од Република Македонија под тромеѓето на меѓу државните граници со Грција и од југ и Бугарија од исток. Според пописот на населението од 2012 година во градот Струмица живеат 35.311 жители односно општината ја сочинуваат 25 населени места и 54.676 жители. Во Струмичкиот регион се наоѓаат 72 села, чие население брои околу 95.000 жители.
Прераснувајќи во модерен економски центар Струмица кон крајот на минатиот век започнува забрзано да се развива, а со тоа и градот се распространува на поголема површина. Со тоа растaт и пасторалните потреби на верниците. Затоа е одлучено да се започне со изградба на црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“
Краток историски осврт за парохијата
Камен темелникот за изградба на црквата Свети Иван Крстител е поставен на 7 јуни 2008 година од страна на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов и Апостолскиот нунциј во Република Македонија, Сантос Абрил и Кастељо. Една година подоцна е започната изградбата и на парохискиот дом. Изградбата на црквата и парохискиот дом ја водеше о. д-р Зоран И. Стојанов.
Со декрет на епископот Стојанов во 2013 година црквата Свети Иван Крстител во Струмица е прогласена за парохиска црква, а за парох е именуван о. Гоце Костов, кој ја презема службата на 1 септември 2013 година.
По задоволувањето на литургиските потреби, првата света Литургија е отслужена на 1 ноември 2013 година. На 5 јули 2015 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ја освети парохиската црква Свети Иван Крстител во Струмица. Црковниот одбор од 5 члена е формиран 2015 година.
Од 1 октомври 2016 година о. Атанас Сирачев е именуван за парохиски викар.