Бискупот Стојанов учествуваше на Духовна обнова во Куманово
Бискупот Стојанов на 31 мај 2017 присуствуваше на Духовна обнова за свештениците од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија, која се одржа во Куманов. Наговор одржа протојереј ставрофор о. Георге Трајков на тема „Светата Литургија составен дел во молитвениот живот на свештеникот“.
По наговорот следуваше дискусија, а пред Светата Литургија која ја предводеше бискупот Стојанов, свештениците имаа можност за света Тајна Исповед.
Духовната обнова заврши со агапе организирано од парохот Томаш Бак со верниците од парохијата во Куманово.