Значењето на бискупскиот грб на бискупот Стојанов
Секој бискупски грб има три елементи.
Првиот елемент е оној што е околу главното поле (редовно во форма на штит) а тоа се: шешир со приврзоци според кои се разликува чeста, внатре бискупскиот ред (бискуп, надбискуп, кардинал).
Главното поле (штитот) содржи обележувања што бискупот ги внесува и според кои редовно се препознава неговото потекло или место на посланието. Во овој грб на полето кое е во светло сина боја се наоѓа амблем на Мајка Божја со буквата “М” окружена со дванаесет ѕвезди. Во средината е знак на Пресветата Евхаристија со форма на западната и источната традиција. Евхаристијата, имено, е света Тајна на единството со Христос и луѓето верници меѓу себе. Бидејќи, овој грб е грб на бискупот од римски и византиски обред Евхаристиската форма е на позадината на крстот каде светлината ја прикажува Евхаристијата едно. Тоа „Евхаристиско сонце“ лебди над ридска Македонија, означувајќи ги врвовите на планините и брановите на реките кои течат низ Македонија.
Третиот елемент на грбот е таканареченото гесло или начело што бискупот сака да го оствари или да го остварува со своето бискупско служење, во овој случај тоа е: Да бидеме едно, напишано на кирилица македонски и латиница на латински. Тој грб редовно се става на сите службени бискупски писма, декрети, важни документи, а најважна е содржината и службениот бискупски печат.