ПАРОХИЈА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – ПЕТРАЛИНЦИ

Парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци се наоѓа на десетина километри од градот Струмица на регионалниот пат Струмица – Берово и според територијална поделба припаѓа но општина Босилово. Карактеристична местоположба, подножјето на планината Огражден и скоро истата одалеченост од сите католички парохии и филијали во струмичкиот регион, и даваат на парохијата посебен призвук и значење.

Католичката парохија „Свети Кирил и Методиј“ датира од самото доаѓање на т.н. бежанци на ова локација во 1913 година, кој за време на втората Балканска војна напуштувајќи ги новните вековни огништа од кукушко доаѓаат овде и трајно се населуваат. Во почетокот во нив живеела надежта дека еден ден че се вратаат, но кога времето минувало и нивната надеж и желба згаснувала. До изградбата на првата црква во 1929 година во селото постоела жива христијанска заедница, кои своите верски должности и потреби ги извршувале во најблиските католички цркви. Локацијата на црквата е во самиот строг центар на с. Петралинци. А преку неа ги промовира своите христијански корени и вредности.

Црквата е изградена во 1929 година под водство на о. Христофор Назов, тогашен декан и парох во Радово при парохијата св. пророк Илија во с. Радово. А каментемелникот е благословен од Н.В.П. монс. Дионизије Њаради. Црквата со тек на времето е реновирена, а во 80-те години црквата наново е реновирана и обновена под водство на о. Георги Ангелов и во истата е поставен резбан ореов иконостас под водство на о. Георги Ангелов. Со самиот влез во црквата се забележува доминацијата на богатата резба на иконостасот кој навистина представува вистинска вредност. Исконстасот е четворореден  со комбинација на икони и резба. Во првиот ред од иконостасот се прикажани резби со мотиви од Стариот Завет; Адам и Ева, жртвата на Авраам, Десетте Заповеди и избавувањето на Лот од Содом. Посебно внимание заслужува резбата од последната Господова Вечера, која на царските двери, на која Јуда Искариот во редок приказ со кесето во рацете бега од вечерата. На вториот ред од иконостасот се наоѓат иконите според канониоте на црквата,третиот ред на иконостасот се светите Апостоли, а четвртиот ред се со празнични икони и завршува со распетието, под кое се наоѓа Богородица и св. Иван Богослов.

Покрај црквата во селото има изградено свештенички дом, парохиска сала и волонтерски центар. Своевидена видна посебност на македонските простори претставуваат иконите од стариот Крстен пат, кој е најстар крстен пат од овој вид во Македонија.

Католичката црква во Петралинци правно до 1960 год. била филијална црква на парохијата во Радово, а од тогаш до 2006 год. била филијална црква на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. На празникот Христос Цар на 29.10.2006 год. филијалата била воздигната во парохија од страна на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Бискуп и Апостолски Егзарх во Р. Македонија во сослужение на Н.В.П д-р Џуро Џуџар, Апостолски Егзарх за Р. Србија и Црна Гора. За прв парох е именуван о. Гоце Костов, а кон оваа парохија е припоена филијалната црква св. вмч. Димитриј во село Сарај.

На 10.03.2009 год. од страна на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов беше благословен камен темелникот на сегашната новоизградена црква. На 07.03.2010 год. беше осветена веќе новоизградената црква од страна на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во присуство на Апостолскиот Нунциј во Р. Македонија, Сантос Абрил и Кастело.

Во текот на своето постоење оваа црква е светлина на светот, бидејќи преку неа на многумина луѓе од селото и од околните места им го осветлуваше патот до вечното спасение. Откако постои ова црква се крстени голем број на деца, и илијадници луѓе ги хранеле своите бесмртни души со Христод во светата Причест, голем број на луѓе доаѓале и доаѓале на св. Исповед.

Откако постои црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци таа била опслужувана од следните свештеници:о. Христофор Назов, о. Димитар Ташев, о. Ванчо Стојанов, о. Георги Ангелов, о. Ѓеорге Трајков, о. Зоран Стојанов, о. Гоце Костов и сега актуелниот парох о. Ѓорги Појразов.

Не смееме да се забороави фактот дека ова црква за своето постоење иако немало постоен свештеник била опслужувана, така што таа цело време е жива црква, во која на св. Литургија во секоја недела и празници со пеење се воздигнува благодарствана молитва до Господа Бога. Откако е прогласена за парохиска црква во неа секојдневно се служи св. Литургија, а исто така има и други набожности. Со тоа е црква во која секојдневно се моли. Со самиот факт што во неа се моли секој ден таа прираснува во вистински храм Божји, која не служи само како зграда или украс, туку за да му се заблагодари на Господ за сите негови добрини кои ги прави во секојдневниот наш животи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *